ВИДЕО: Во САД судири со полицијата поради смрт на Афроамериканец

Од:

Полицијата во Минеаполис употреби солзавец за време на судирите со неколку стотици граѓани кои протестираа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот, за време на полициското апсење во тој град.

Граѓаните се собраа на улицата каде што почина Флојд, извикувајќи: „Не можам да дишам“ и „Кренав раце, не пукај“, пренесува Гласот на Америка.

За време на протестниот марш до полициската станица, неколкумина ги оштетија прозорците на таа зграда, испишуваа графити и оштетија патролно возило, поради што полицијата употреби солзавец за разбивање на демонстрациите, јави Јавното радио Минесота.

На собирот му претходеше соопштението дека четворица полицајци вклучени во апсењето на Џорџ Флојд, кој почина во полицискио притвор, се отпуштени од работа.

Случајот го привлече вниманието на јавноста, откако очевидци снимија и објавија на социјалните мрежи видео од интервенцијата на која се гледа како полицаец белец клекнува на вратот на осомничениот, додека тој го предупредува дека не може да дише. Еден очевидец на трагедијата во понеделникот изјави дека полицајците се обиделе да го стават осомничениот во задниот дел на патролното возило.
Тој, исто така, сведочеше дека слушнал дека човекот што го приведувале им кажал дека е клаустрофобичен. Еден очевидец пријави дека, во моментот кога коленото на полицаецот било на вратот на осомничениот -тој го извикувал името на мајка си, а потоа починал.

Смртта на човекот, кој почина по полициска интервенција, е под истрага на ФБИ и локалните власти. И полициската управа на градот Минеаполис најави темелна интерна истрага за смртта на Џорџ Флојд.

Градоначалникот на Минеаполис испрати пораки со извинување до афроамериканската заедница во Минеаполис.

Полицијата соопшти дека починатиот маж одговарал на описот на осомничениот во случај со фалсификување во продавница за храна, како и дека се спротивставил на апсењето.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат