ВИДЕО: Во САД беснеат торнада, има и загинати, снимките се како од филм

Од:

Според последните податоци, 18 лица загинаа, а многу се повредени во големото невреме со силен ветер и силен дожд што ги зафати југот и средниот запад на САД и продолжи кон исток, јавуваат службите и медиумите.

Најмалку пет лица загинаа во Арканзас, соопштија официјални лица, додека спасувачите ја пребаруваа областа за повеќе жртви додека торнада беснеат низ државата.

Властите објавија и еден смртен случај во Илиноис и три во Индијана, а локалните медиуми објавија дека седум лица загинале во округот Мекнаири, Тенеси, на границата со Мисисипи. Фокс њуз објави еден смртен случај во Алабама и една жртва во Мисисипи.

Националната метеоролошка служба на Соединетите држави издаде предупредување за силно невреме со грмотевици за делови од Њујорк и Пенсилванија, со удари на ветер до 105 км/ч.

Дожд и ветер се очекуваат во источниот дел на Охајо и делови на Западна Вирџинија, соопшти метеоролошката служба. Силен ветер со удари до 100 км/ч се очекува и во главниот град Вашингтон. Во Арканзас, градоначалникот на Литл Рок, Франк Скот, изјави за новинарите дека околу триесетина луѓе биле пренесени во болниците поради различни повреди.

Новинарката од Литл Рок, Лара Фараф, изјави за АФП дека торнадото ги носело покривите на зградите и објави фотографии на социјалните мрежи. Во Арканзас, како што пренесуваат локалните медиуми, повеќе од 78.000 луѓе останале без струја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски