Австралискиот сурфер Мик Фанинг имаше голема среќа кога во последен момент успеа да се спаси од нападот на ајкула во Јужна Африка, каде се одржува Светската лига во сурфање.
Светскиот шампион, кој ја брани титулата одеднаш беше нападнат од ајкула.
– Почувствував како ме притисна во левата нога и замавнав во обид да се тргне од мене, рече тој по нападот.
Натправарувањето по овој напад на ајкулата е одложено за еден ден.