ВИДЕО: Во ослободениот Лиман горат руски знамиња, објавена е снимка

Од:

Воениот известувач на британски Гардијан, Лук Хардинг, објави видео на Твитер на кое се гледаат украинските сили во ослободениот стратешки важен град Лиман како обезбедуваат зграда на полициска станица.

На видеото се гледа и како палат руски знамиња по „чистењето“ на зградата.

Губењето на Лиман четири месеци по неговото заземање од руските сили е „понижувачки момент“ за рускиот претседател Владимир Путин, кој во петокот го прогласи Доњецк, каде што се наоѓа Лиман, за руска територија, заедно со уште три други окупирани руски региони.

Путин во говорот во Кремљ рече дека овие четири региони отсега се дел од Русија и „така ќе останат засекогаш“.

„Вечното“ на Путин во случајот Лиман траеше – еден ден.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин