ВИДЕО: Во Нотр Дам одржана прва миса по големиот пожар

Од:

Во Богородичната црква во Париз синоќа беше одржана првата миса по големиот пожар кон средината на април, што уништи голем дел од катедралата.

Мисата, што ја служеше парискиот надбискуп Мишел Опети, се одржа во една од капелите на катедралата и на неа присуствуваа околу 30 лица, пред се свештеници и вработени во црквата.

Поради безбедносни причини, сите присутни на мисата во Нотр Дам носеа заштитни шлемови на главите.

Засега не е познато кога катедралата одново ќе биде отворена за јавност.

Францускиот министер за култура Франк Ристер пред неколку дена изјави дека објектот останува во „кревка состојба“, особено неговиот свод за кој се уште постои опасност од уривање.

По големиот пожар, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека обновата на Нотр Дам ќе трае околу пет години, што повеќемина експерти го оценија како нереално краток рок за таков зафат.

Би можело да ве интересира

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска

Почна обновата на оргулите во Норт Дам

Жарко Настоски

Макрон бара обнова на „Нотр Дам“ во согласност со претхониот изглед

Ана Ололовска

ВИДЕО: Макрон им се заблагодари на „оние кои ја спасија“ Нотр Дам де Париз

Ана Ололовска