ВИДЕО: Во израелски воздушен напад врз Појасот Газа 11 ранети, Палестинците одговорија со ракети

Од:

Палестинските милитанти во Појасот Газа, вчера лансираа ракети кон јужниот дел на Израел како одговор на израелските воздушни напади во неделата кога беа повредени единаесет лица, од кои пет деца.

Одговорноста за нападот ја презедоа организациите Хамас и Исламски џихад. Според пишувањето на израелските медиуми, на Израел се истрелани околу 40 гранати, но немало повредени.

“Како одговор на ранувањето на цивили во најновиот напад врз градот Рафах, бригадите Касам и Ал-Кудс истрелаа ракети кон непријателските воени позиции”, изјави Абу Убајде, портпаролот на военото крило на Хамас,на бригадата Езедин ал-Касам. “Оваа света операција е одговор на континуираните израелски злосторства против нашиот беспомошен народ. Ние нема пасивно да стоиме настрана -. Ако непријателот продолжи со агресијата, акциите на отпор ќе бидат посилни”, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Целта на израелските напади, наводно, се двајца мажи: 23-годишниот Талат Халил Мохамед Јарби и 24-годишниот Абдула Мухамед Хасан Макави, за кои се смета дека во јуни беа вмешани во нападите на Синај врз израелските војници и цивили, при што загина еден израелец . Хамас никогаш не ја презеде одговорноста за јунските ракетни напади врз Израел. Меѓутоа, израелските сили изјавија дека нема да толерираат такви напади, и ќе ги сметаат за дело на Хамас.

Во меѓувреме, пет Палестинци беа повредени вчера утрото кога израелски тенкови гаѓаа кон подрачјето Кан Јунис во Појасот Газа, од каде што сметаат дека беа истрелани ракетите, известува Ал акбар.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск