ВИДЕО: Во Индонезија потрага по затрупаните, земјотресот однесе стотици жртви

Од:

Индонезиските спасувачи се тркаат со времето за да ги пронајдат заробените во урнатините еден ден по силниот земјотрес што го погоди регионот Цианџур во Западна Јава. Земјотресот со јачина од 5,6 степени беше на длабочина од само 10 километри и предизвика големи штети. Уништени или оштетени се училишта, болници, бројни згради. Се уште не е познат бројот на загинатите, досега се пронајдени 162 мртви, а над 700 се повредени. Многу од загинатите и повредените се деца.

Индонезиската Национална агенција за ублажување на катастрофи (BNPB) соопшти дека најмалку 25 луѓе се уште се затрупани под урнатините. Напорите да се дојде до жртвите се отежнати поради прекините на електричната енергија, оштетените патишта и повеќе од 80 последовни потреси.

„Повеќето од оние што загинаа беа деца“, рече гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил, според Гардијан, додавајќи дека многумина се студенти кои посетуваат дополнителна настава.

Според првите податоци објавени од локалните власти и пренесени од организацијата Save the Children, во земјотресот се уништени 30 основни училишта и уште дваесетина образовни институции.

Локалната болница не можеше да прими толку голем број повредени, па многумина лежеа на болничкиот под на душеци или беа сместени во импровизирани шатори поставени пред болницата. Проблеми предизвикаа и прекините на струја.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски