ВИДЕО: Во Франција продолжува генералниот штрајк

Од:

Штрајкови и протести продолжија низ Франција денеска поради политиките за пензионирање на претседателот Емануел Макрон, при што камионџиите блокираа автопатишта и повеќето возови не ги напуштија станиците.

Линиите на метрото околу Париз се затворени и масовното движење против планот на владата за редизајн на националниот пензиски систем влезе во третиот ден.

Во меѓувреме, „Жолтите елеци“ ги планираат своите неделни демонстрации поради економска неправда. Меѓутоа, хаосот не ја потресе владата.

Премиерот Едуар Филип отворено им рече вчера на Французите: Ќе мора да работите подолго.

Тој ќе претстави детали за владиниот план следната недела. Владата соопшти дека нема да ја подигне официјалната возраст за пензија од 62 години, но планот се очекува да ги охрабри луѓето да работат подолго.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години