ВИДЕО: Во Алжир протести и на денот на претседателските избори

Од:

Антивладини демонстранти денеска упаднаа на избирачко место во центарот на главниот град на Алжир, поради што гласањето за претседател на државата беше привремено прекинато.

Околу 10.000 луѓе се собраа денеска во главниот град на Алжир протестирајќи поради денешните претседателски избори, тврдејќи дека изборите имаат за цел да го овековечат режимот на соборениот лидер Абделазиз Бутефлика.

Околу 24,5 милиони луѓе со право на глас ќе се изјаснат за еден од петте кандидати за претседател на државата.

На изборите учествуваат Ажедин Миуби (60), преодниот секретар на поранешната владејачка партија Демократски народен собири поранешен министер за култура Абделкадер Бангрина (57), поранешниот министер и лидер на партијата Конструктивно движење Абделмаџид Тебун (73), поранешниот премиер и лидер на партијата Чувари на слободата Али Бенфлис (75) и поранешниот генерален секретар на Фронт за иднината Абделазиз Белаид (56).

Доколку ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство гласови во првиот круг, вториот круг ќе биде одржан по објавувањето на конечните резултати од денешното гласање

Алжирското Министерство за внатрешни работи соопшти дека распоредени се безбедносни агенти на гласачките места со цел гласањето да се одвива без проблеми.

Според аналитичарите изборите се сигурен пат за излез од политичката криза што трае веќе 10 месеци. Алжирците секоја недела излегуваа на улица барајќи радикални промени, барајќи оставка од поранешниот претседател Бутефлика.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари