(ВИДЕО) Уште едно убиство на девојка во Иран: Без хиџаб се упати кон полицијата која испука шест куршуми кон неа

Од:

Хадис Најафи, девојка од Иран, стана еден од симболите на борбата против угнетувањето на жените во Иран, откако полицијата ја убила на брутален начин во текот на демонстрациите на улиците на Караџ, каде голем број на луѓе се собрале за да изразат негодување поради смртта на Махса Амини.

Во Најафи безбедносните сили испукале шест куршуми. 20-годишната девојка на 24-ти септември се здобила со прострелни рани на градите, лицето и вратот, јавуваат медиумите. На снимката која кружи на социјалните мрежи се прикажува Хадис Најафи како ја врзува косата во опавче додека се подготвува да им се приклучи на демонстрантите. После тоа била застрелана.

Нејзиниот симболичен потег стана нов симбол на страдање во борбата за слобода на жените во Иран.

Се појавило и друго видео кое го прикажува семејството на убиената девојка како плаче над нејзина фотографија на тукушто ископаниот гроб.

Ова ги поттикнало пријателите и семејствата да споделуваат нејзини видео записи на кои се гледа како танцува или позира пред камера.

Бруталното убиство на Хадис Најафи се случило неколку дена откако иранската морална полиција ја претепала Махса Амини до смрт бидејќи не се придржувала до строгите правила за хиџаб во земјата.

Махса била во посета на роднините во Техеран кога моралната полиција ја уапсила и ја одвела во притвор каде била брутално претепана. Девојката имала срцев удар и починала.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел