ВИДЕО: Урнати остатоците од зградата во Мајами, 121 лице се уште се води како исчезнато

Од:

Остатоците од делумно урнатата зграда во Мајами синоќа беа срушени до темел поради можно пристигнување на тропската бура Елза, која го напушти брегот на Куба.

Метеоролозите најавуваат дека денеска и утре невремето ќе стигне до западниот брег на Флорида.

По уривањето на станбената зграда во Мајами пред 11 дена, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а над 120 се исчезнати, градоначалничката на округот Деди, Даниела Левин Кафе, изјави дека операцијата за спасување ќе продолжи по конечното уривање на зградата, пренесува „Ројтерс“.

Властите потврдија дека жителите на зградите во непосредна близина на демолираната зграда од 12 ката нема да мора да се евакуираат, но им беше препорачано да останат во своите станови за време на операцијата на уривање и да ги исклучуваат климатизерите поради прашината.

Прославата на Денот на независноста во Мајами беше откажана, а истрагата сепак не даде одговор на прашањето што предизвика уривање на 12-катната зграда, но инженерите укажаа на структурните недостатоци што можеа да ја предизвикаат оваа несреќа.

Би можело да ве интересира

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“