(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Уништивме 10 руски тенка за една вечер

Од:

Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави видео од уништувањето на десет руски тенкa и едно оклопно возило. Операцијата, тврдат, била извршена само за една ноќ.

Заедно со видеото, во објавата пишува deka десетte тенкови се уништени од специјалци од единицата на СБУ „Бели волци“.

„Нашите специјални сили од Центарот за специјални операции „А“ уништија непријателска опрема во правец на Доnецк. Запален е и еден непријателски БТР. Со тој чин во една ноќ се уништени единаесет мети“, се вели во соопштението.

Од друга страна, Олександр Сирски, командант на копнената армија на Украина и командант на Источната група на вооружените сили на Украина, изјави дека Русија го напаѓа речиси целиот источен фронт.

„Меѓутоа, Бахмут се уште е епицентарот. Битките за градот продолжуваат. Непријателот ги ангажираше сите свои сили и се обидува да ја пробие одбраната на неколку фронтови и целосно да го опколи градот“, рече Сирски.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“