(ВИДЕО) Украинците извршија неколку ноќни напади врз Русија

Од:

Украински беспилотни летала извршија неколку напади во Русија вклучително и напад врз инфраструктурата за складирање гориво во централниот руски регион Орјол, што предизвика голем пожар. Гувернерот на Краснодарската област Владимир Кондратиев изјави дека противвоздушната одбрана уништила украински беспилотни летала во неколку области на регионот јужно и источно од Украина.


ПВО уништи седум беспилотни летала над областа Брјанск на северната граница на Украина, изјави гувернерот Александар Богомаз. Во рускиот регион Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека украинските напади погодиле две села, при што едно лице е повредено и запалена е куќа.


Украинскиот напад уследи по масовниот воздушен напад на Русија врз украинските енергетски постројки претходната ноќ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија употребила 93 проектили и повеќе од 200 беспилотни летала во нападот.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина