(ВИДЕО) Украина: Тепачка во парламентот поради рускиот јазик

Од:

Масовна тепачка се случи денес во парламентот на Украина, помеѓу пратениците од националистичка партија „Свобода“ која е во опозиција и пратениците на провладината Партија на регионот.

Причината за тепачката е користењето на рускиот, односно украинскиот јазик во парламентарната расправа.
До судирот дошло веднаш по почетокот на сединица, во текот на говорот на претседателот на Партијата на регионот, Олександра Јефремов.

Јефремов зборувал на руски, со што предизвикал револт кај пратениците на партијата „Свобода“, кои со викање се обиделе да го прекинат неговиот говор.

Пратениците започнале да викаат „Сакаме украински“, со што барале Јефремов да зборува на тој јазик.
Но, тој продолжил да зборува на руски и рекол дека на неговиот говор му пречат распејаните неофашисти.
За да им вратат, пратениците од Партијата на регионот го направиле истото кога излегол шефот на партијата на „Свобода“, Свободан Олег Тианибок, кој започнал да зборува на украински јазик. Тогаш пратениците на владеачката партија започнале да довикуваат „фашист“.

Пратениците на „Свобода“ се приклучиле на шефот пред говорницата и тогаш започнала тепачката со пратениците на Партијата на регионот.

-Можат до своите гласачи да се обраќаат на руски, но овде во парламентот мора да зборуваат на украински – изјави пратеникот од „Свобода“, Јури Сиротијук.

Претседателот на парламентот, Володимир Рјабак се огласил и ги замолил пратениците да се смират, по што престанала тепачката.

Украина има голем број жители кои зборуваат руски, а статусот на јазикот се уште е спорен предмет во оваа поранешна советска република, со 46 милиони жители сместени помеѓу Русија и источната граница на ЕУ.
Претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ во 2010 година кога беше избран, вети дека рускиот јазик ќе стане втор официјален јазик во државата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот