ВИДЕО: Украина со поморски дронови нападна руски бродови на Крим

Од:

Воени беспилотни летала го нападнаа пристаништето Севастопол на Крим, а руската Црноморска флота го одби нападот, објави рускиот гувернер на окупираниот град Михаил Развозаев на својот канал Телеграм.

„Во раните утрински часови нашата флота одби напад со површински беспилотни летала. Досега се уништени вкупно три пловни објекти. Се обидоа да навлезат во заливот, нашите морнари пукаа кон нив со лесно оружје. Разработија и противвоздушна одбрана од воздушни цели“, напиша Развозајев.

Според него, во нападот не биле оштетени воените бродови, но искршени се прозорците на неколку околни згради.

„Експлозијата предизвикана од уништувањето на непријателските поморски дронови ги скрши стаклата на зградите на улицата Ленинова бр. 2. Нема повредени“, напиша рускиот гувернер.

Според него, војската го одбила нападот, а ситуацијата е под контрола. Тој наведува и дека сите служби се во готовност.

Киев сè уште не ги коментира овие наводи, но познато е дека во октомври минатата година, украинските сили го нападнаа истото пристаниште со девет дронови. Потоа лесно оштетија барем еден руски брод и ја принудија Русија да ги зголеми безбедносните мерки во Севастопол.

Би можело да ве интересира

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

Русија издаде налози за апсење на двајцата главни украински генерали

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го нападна Министерството за одбрана: Смрдливи бедници, што правите ?

Песков: Путин бил информиран за нападот

Ана Ололовска

Руски пратеник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

Ана Ололовска