(ВИДЕО) Украина објави нова снимка: „Пловечкиот дрон сепак удри во руски брод“

Од:

Министерството за одбрана на Русија во средата објави дека три украински беспилотни бродови неуспешно го нападнале рускиот воен брод Иван Хурс во близина на Босфор рано изутрина во Црното Море.

Во соопштението објавено на комуникациската платформа „Телеграм“, Министерството наведува дека бродот ги штити гасоводите „Турски тек“ и „Син поток“, кои транспортираат гас, делумно преку Црното Море, од Русија до Турција. Тие додадоа дека бродот „продолжува да ги извршува своите задачи“.

Украинците денеска објавија ново видео. Антон Герашченко, советник во украинскиот МУП, вели дека третиот дрон навистина удрил во рускиот воен брод.

„Вчера објавив објава за бродот на руската Црноморска флота Иван Хурс кој беше нападнат од беспилотни пловила.

Русија тврдеше дека „бродот продолжува да ги извршува своите функции“ без да ја спомене неговата состојба. Се чини дека третиот дрон успеа да го оштети бродот“, пишува Герашченко, кој го објави видеото.

Би можело да ве интересира

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

Русија издаде налози за апсење на двајцата главни украински генерали

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го нападна Министерството за одбрана: Смрдливи бедници, што правите ?

Песков: Путин бил информиран за нападот

Ана Ололовска

Руски пратеник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

Ана Ололовска