ВИДЕО: Украина објави детали за големиот блесок над Киев

Од:

Мистериозниот блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации, пишува Би-би-си.

Синоќа на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа. Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот. Тие ги повикаа жителите да останат во засолништа. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека е забележан „силен блесок на светлина“ над областа, но „не се слушнала експлозија“.

Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави за Би-Би-Си дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

Украинската агенција за вселенски истражувања, која работи во рамките на украинската влада, сега објави детали за блицот.

„На 19 април 2023 година, во 21:57 часот по киевско време, инфразвукот на Државниот технички центар на Украина забележа високоенергетски акустичен настан на територијата на Украина. Се проценува дека епицентарот на експлозијата е во регионот на Киев.

Настанот најверојатно е поврзан со навлегување на вселенско тело во густите слоеви на атмосферата, информациите се разјаснуваат“, соопштуваат оттаму.
:

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Седумгодишно момче предизвика пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев

Горан Наумовски

Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“