(ВИДЕО) Украинa: Наш снајперист го собори светскиот рекорд

Од:

Украински снајперист го собори светскиот рекорд убивајќи руски војник од далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Непроверената информација, која првпат се појави во украинските медиуми, за Њусвик ја потврди извор од украинските разузнавачки кругови.

Инаку, снајперист на канадски специјални сили го држи рекордот од 2017 година, откако беше потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3.540 метри во Ирак. Пред него, титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој во 2009 година уби талибански борец во Авганистан, погодувајќи од далечина од 2.475 метри.

„Снајперистот на СБУ постави светски рекорд. Погоди руски војник од неверојатна далечина“, соопшти прес-службата на СБУ.

Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.

„Снајперистите на СБУ ги менуваат правилата на светскиот снајпер, демонстрирајќи ја способноста за ефективно работење на фантастични растојанија“, истакнаа од Службата за безбедност на Украина.

Украина брзо влегува во својот 21-ви месец на војна, откако Русија изврши инвазија во февруари минатата година. Војната претходно беше опишана како артилериска војна, но важна улога одиграа и снајперистите. Претстојат тешки месеци за двете армии на фронтот поради предизвикувачките временски услови во текот на зимата.

Би можело да ве интересира

НАТО: Мораме да ја поддржуваме Украина

Украина потврди дека сопругата на Кирил Буданов била отруена

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Западот стравува од колапс на украинскиот фронт

Рјбаков: САД во Украина би можела да си помине исто како во Авганистан и Виетнам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме на Крим, половина милион жители се без струја, има и повредени

Генералштаб на Украина: Руските трупи напаѓаат во неколку правци