ВИДЕО: Убиен демонстрант на собир во Багдад за поддршка на убиените продемократски активисти

Од:

Еден демонстрант денеска беше убиен на протестот во Багдад организиран со барање одговорност за убијците на продемократските активисти, соопшти полицијата и извор од болницата.

Од фрлени предмети во судирите меѓу демонстрантите и полицијата повредени се 13 демонстранти и петмина припадници на безбедносните сили, изјави извор од болницата.

Илјадници Ирачани од цела земја денеска демонстрираа во Багдад, барајќи извршителите на убиствата на продемократски активисти да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети за да не се повторат ваквите злосторства.

Демонстрантите се собраа на трите главни плоштади во главниот град: Тахрир, Фердаус и Ал Носур, опкружени со голем број полицајци, осудувајќи го неодамнешниот скок на бројот на убиства на критички настроени активисти и новинари.

-Безбедносните сили употребија боева муниција за да ја растераат толпата, откако демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, изјавија очевидци и ирачки официјални лица

Претходно, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, кои одговорија со фрлање камења кон полицијата, а некои и со тули.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски