ВИДЕО: Уапсен еден од најголемите наркобосови во светот

Од:

Колумбиските оружени сили го уапсија главниот наркобос во таа држава, Даира Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, објави претседателот Иван Дуке.

Отониел бил фатен за време на операција во рурална област во регионот Ураба. Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, а како што изјави Дуке, тој е обвинет и за убиство полицајци, сексуална злоупотреба на деца и регрутирање малолетници.

Колумбија понуди награда од 800.000 долари за информации за Отониел, додека американската влада понуди 5 милиони долари за информации што ќе помогнат за негово апсење.

– Ова е најголемиот удар за дилерите на дрога во нашата земја во овој век, нагласи претседателот Дуке, споредувајќи го со падот на Пабло Ескобар во 90-те години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Уапсена е Аура Јазмин Кастро Руиз позната во криминалниот свет под псевдонимот „Кума“

Горан Наумовски