ВИДЕО: Три сексуални работнички убиени во Рим, полицијата трага по сериски убиец

Од:

Полицијата во Рим трага по потенцијален сериски убиец откако во два стана во луксузниот кварт Прати беа пронајдени тела на три жени. Две сексуални работнички, за кои се верува дека се на возраст меѓу 40 и 50 години, биле пронајдени избодени до смрт во стан на Виа Аугусто Риботи.

Портирот на прагот од станот го пронашол телото на една од убиените жени, додека друго тело било пронајдено внатре во зградата.

Телото на третата сексуална работничка која беше избодена до смрт, го пронашла нејзината сестра во подрумски стан во блиската улица. Се верува дека таа е убиена пред другите две жртви.

Убиствата се случија на неколку стотини метри од Врховниот суд на Италија, во елитна населба во која во последниве години се зголемија криминалните мрежи кои водат бизниси со проституција.

Извор од римската полиција изјави дека иследниците работат на теоријата дека жените биле убиени од едно лице.

Поради убиствата, се зголемуваат повиците проституцијата да стане регулирана професија во Италија со цел да се заштитат сексуалните работници. Италија дозволува улична проституција, но организираната проституција и борделите се нелегални.

„Овие убиства се ужасни“, рече Ермина Гбидо од Комитетот за граѓански права на проститутките, непрофитна организација основана во 1982 година од сексуални работници за борба против трговијата со луѓе и поддршка на луѓето во оваа професија.

Би можело да ве интересира

Италијанската премиерка Мелони во посета на Либија

Ана Ололовска

Италијанската полиција уапси 56 припадници на мафијашкиот клан „Ндрангета“ и заплени 250 милиони евра

А1он

Трагедија во Рим, новороденче се задуши под неговата мајка

Горан Наумовски

Апсење во Италија во врска со корупцискиот скандал во Европскиот парламент

А1он

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со со максимална сигурност

Ана Ололовска

Мелони и Кишида се договорија да изградат „стратешко партнерство“

Ана Ололовска