(ВИДЕО) Трамп: Оние кои го прекршија законот ќе одговараат, ќе има мирен трансфер на власта

Од:

Во жарот на критиките од двете партии за тоа дека разгорил насилството во Капитолот на САД во средата, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави видео на Твитер во кое директно ги осуди сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата.

– Демонстрантите кои се инфилтрираа во Капитолпт го извалкаа седиштето на американската демократија. Луѓето кои упаднаа во Капитолот на САД не ги претставуваат САД, прекршителите на законот ќе платат за тоа, изјави Трамп.

Тој исто така рече дека ќе асистира во процесот на мирен трансфер на власта на избраниот претседател Џо Бајден и, што е најважно, не ги повтори обвинувањата за изборна измама.

– Поминавме низ напнати избори и емоциите се големи. Но, сега темпераментот мора да олади и да биде обновено спокојство. Мојот фокус сега е да обезбедам непречен трансфер на власта. Овој момент повикува на лекување и примирување, порача Трамп.

На почетокот на обраќањето тој истакна дека веднаш ја распоредил Националната гарда „за да ja обезбеди зградата и ги избрка натрапниците“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа