(ВИДЕО) Трамп од историското Аламо: Барањето за импичмент е смешно, 25-от амандман е поопасен за Бајден

Од:

Со настап во историското место Аламо, каде во 1835-36 година се одиграла прочуената битка од борбата за независност на Тексас против мексиканската армија, и кое во колективната свест на Американците е врежано како место на кое херојски се дава последниот отпор, Доналд Трамп се обиде да го обои своето заминување од претседателската фотелја со историска симболика.

Во неговото прво појавување во јавноста по упадот во зградата на Конгресот што минатата недела го извршија негови приврзаници, Трамп беше во обиколка на ѕидот што по негова иницијатива се гради на границата на САД со Мексико.

Тој пред стотина луѓе го одржа еден од неговите последни говори како претседател на САД, осврнувајќи се на насилството во Вашингтон и упатувајќи му порака на својот ривал Џо Бајден да „внимава што посакува“ со иницијативата за отповикување.

„25-от амандман претставува нула ризик за мене, но тој ќе се врати за да го прогонува Џо Бајден и неговата администрација. Како што вели изреката: Биди внимателен со она што го посакуваш,“ рече Трамп без понатаму да образложи. Тој додаде и дека барањето на Демократите во Конгресот за негово отповикување е „продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата.

Во врска со упадот на неговите приврзаници во Конгресот, Трамп порача дека насилството не е решение и повика на национално помирување.

„Веруваме во историја и во традицијата на нашата земја, не сакаме да ги уништуваме, веруваме во владеењето на правото, а не во насилството,“ рече американскиот претседател во заминување, додавајќи дека е време „нацијата да се излечи“ и дека е „време за мир“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски