ВИДЕО: Трамп објави бизарен спот во кој алудира дека Бајден е педофил

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својот твитер-профил и на фејсбук-страницата уште едно oд низата видеа кои се комбинација на предизборни спотови и исмејувачки, таканаречени „мемови“ насочени кон неговиот противкандидат Џо Бајден и другите политички противници. Но, ова е уште побизарно од вообичаеното.

Во анимирано видео, кое изгледа како да е направено со 30-годишна технологија, прво се гледа воз кој забрзано се движи по пругата. На вагоните на возот има напишано „КАГ 2020“, што е кратенка за слоганот на Трамп – Keep America Great („Чувајте ја Америка голема“), и натписот Trump Pence.

Потоа, се гледа Џо Бајден како по истата пруга поминува со дрезина (шинско возило на рачен погон), а во исто време се слуша аудиоснимка од бизарниот монолог на Бајден за неговото искуство од младоста кога тој бил спасител на јавен базен.

Во тој монолог, кој стана еден вид мем во последните месеци, Бајден, меѓу другото, вели: „Сакам кога децата ми скокаат во скутот“.

Исто така, на количката под натписот „Претседател Бајден“ има натпис „Твојата коса мириса одлично“, што е алузија на многубројни случаи кога Бајден влегувал во личниот простор на жените и девојчињата на јавни настапи, им ја мирисал косата, ги галел, ги држел рацете на нивните рамења и на грбот, им давал бакнежи, им шепотел на уво или на друг начин им покажувал нежност.

Некои од нив подоцна изјавиле дека таквите допири биле непримерни и дека се чувствувале непријатно поради што Бајден индиректно се извини во април ветувајќи дека во иднина ќе биде повнимателен во однос на кршењето на туѓиот личен простор.

Бизарното видео на Трамп, направено од обожавател на Трамп и креатор на мемови, со уметничкото име Something Wicked, е видено повеќе од 6 милиони пати на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД