(ВИДЕО) Трамп: Ние сме на работ на третата светска војна

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го искритикува својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп рече дека ќе преговара со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

„Џо Бајден, преку слабост и неспособност, не доведе до работ на Трета светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на Трета светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот“, рече Трамп. .

Инаку, тој ја започна предизборната кампања, првпат откако ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа. Трамп го одржа својот прв говор на годишниот состанок на Републиканската партија во Салем.

На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од кои беше исфрлен откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол пред две години. Претходно му беше овозможено да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

Би можело да ве интересира

Бајден за обвинувањата против Путин: Проблем е што судот не го признаваат сите, вклучувајќи не и нас

Големото враќање на Доналд Трамп

Нов гаф на Бајден: Картер ме замоли да одржам говор на неговиот погреб

Трамп: Ќе имаме голема депресија, поопасна од онаа во 1929 година

Бајден ги уверува Американците дека банкарскиот систем е безбеден

Пенс: Трамп ќе одговара пред историјата за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

Ана Ололовска