(ВИДЕО) Трамп: Хеликоптерите „Блек Хок“ сега ќе ги проучуваат Русија и Кина, тоа е најдобрата технологија во светот

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните трошоци на Соединетите Американски Држави за операцијата во Авганистан со воениот буџет на Русија.

„Трошевме 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што разбрав, Русија троши 50 милијарди годишно за целата армија, а ние 42 милијарди“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

Тој нагласи дека тоа се случувало со години и за возврат не и донело ништо на САД.

Трамп додаде дека американските борбени хеликоптери што беа предадени на авганистанската армија сега ќе ги проучува Русија.

„Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери „Блек Хок“, кои сега ќе ги проучуваат Русија, Кина и некој друг, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот”, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател посочи дека е огорчен што САД не ја уништиле воената опрема пред да го напуштат Авганистан, а сега таа е во рацете на талибанското движење, пренесува Спутник.

Тој додаде дека смета дека повлекувањето на војниците од Авганистан под водство на актуелниот претседател Бајден е најголемото понижување за САД.

Би можело да ве интересира

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас