ВИДЕО: Торнадо збриша цело гратче во САД, тројца жители загинаа

Од:

Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени во торнадото што синоќа ја погоди американската држава Северна Каролина, соопштија денеска спасувачките служби.

Додека голем дел од остатокот на САД беше погоден од силен студен бран, торнадото го погоди јужниот дел на таа земја, особено во крајбрежните делови. Снимките од округот Брансон направени од воздух ја покажуваат огромната штета што ја направи силниот ветер.

– Досега има три потврдени смртни случаи и десетмина повредени, соопштија службите за спасување на округот Брансвик.

Се додава дека околу педесетина куќи се оштетени, а електричните водови прекинати.

И други снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат откорнати дрвја, уништени возила и куќи.

Локалниот шериф Џон Инграм изјави дека ќе биде потребен долг процес за работите да се вратат во нормала.

Бројни други сојузни држави во САД се погодени од студен бран кој доаѓа од Арктикот и во кој температурите достигнаа рекордно ниски вредности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски