ВИДЕО: Торнадо во Сиетл

Од:

Предградие на Сиетл, во американската сојузна држава Вашингтон, го погоди торнадо кое уништило неколку куќи и откорнало повеќе дрва.

Торнадото ја погодило областа јужно од градот Порт Орчард во два часот по локално време, соопшти метеоролошката служба на Сиетл на Твитер додавајќи дека нема извештаи за повредени лица.

Локалната телевизија Комо јави дека штета била пријавена не неколку места, а метеролошката служба соопшти дека ќе испрати експертски тим кој ќе работи на проценка на штетите со екипите за вонредни ситуации.

Порт Орчард се наоѓа на околу 24 километри западно од Сиетл.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски