ВИДЕО: Терористички напад во џамија во Иран, четворица убиени

Од:

Најмалку четири лица се убиениво пукање во шиитско муслиманско светилиште во јужен Иран, објавија државните медиуми.

„Четири лица загинаа во терористички напад на двајца вооружени мажи на мавзолејот на Шах Чераг во градот Шираз“, објави новинската агенција ИРНА.

Според прелиминарните информации, напаѓачите отвориле оган врз луѓето по конфликт со чуварот на капијата на светилиштето.

Еден од напаѓачите е фатен, а другиот избегал и полицијата трага по него.

Џамијата Шах Чераг беше цел на уште еден напад во октомври минатата година, кога милитантите застрелаа и убија 15 луѓе.

Двајца мажи беа јавно обесени за тој напад во јули.

Би можело да ве интересира

Иран: Ако Израел не се смири, војната ќе се прошири во регионот

IHR: Иран го користи конфликтот во Газа како покритие за егзекуција на 127 лица

ВИДЕО: Иран претстави хиперсонична ракета, моќна да ја пробие израелската „Железна купола“

Затворената иранска нобеловка Мохамади штрајкува со глад

Израелците отидоа предалеку, ќе вовлечат и други во конфликтот предупредува претседателот на Иран

Катерина Ѓуровски

Американски Ф-16 нападнаа локации во Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда