ВИДЕО: Судир меѓу полицијата и демонстранти во Лондон, илјадници се кренаа против корона-мерките

Од:

Илјадници жители на Лондон денеска излегоа на протест против новововедените рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, а дојде и до судири со полицијата.

Демонстрантите се собраа пред британскиот Парламент, гневни поради одлуката на властите да се продолжат рестрикциите, токму на датумот на кој требаше да биде „Денот на слободата“, кога мерките требаше речиси целосно да се олабават.

Според очевидци, полицијата уапсила најмалку две жени-учеснички на протестот, а беа објавени снимки на кои се гледа како полицајците физички совладуваат неколкумина демонстранти.

Премиерот Борис Џонсон вчера соопшти дека „локдаунот“ во земјата ќе продолжи до 19 јули, поради повторниот раст на новозаразени со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он