(ВИДЕО) Стрелков: Го советувам Путин да замолчи и да не ја отвора устата

Од:

Поранешниот член на ФБС и руски воен блогер Игор Гиркин (Стрелков) повторно јавно го омаловажи рускиот претседател Владимир Путин. Во видеото објавено на Телеграм, Стрелков вели дека Путин треба да замолчи за аспектите на неговата „специјална воена операција“ во Украина.

Стрелков, кој ги предводеше силите поддржани од Москва во Донбас од 2014 година, рече дека Путин не се однесува како претседател на огромна земја со илјадагодишна историја.

Стрелков се потсмеваше на причината што Путин ја наведе минатата недела за Русија да не ја нападне Украина во 2014 година по анектирањето на Крим.

„Тогаш војската на Киев беше гнила и слаба“, вели поранешниот офицер на ФСБ во видеото.

„Почна да говори дека немаме хиперсонично оружје. Почна повторно да кажува дека го влечат за нос. Изгледа дека нема самодоверба. Советот што можам да му го дадам на Путин или на неговите говорници е да молчи, не треба да ја отвора устата. Веројатно ќе беше подобро од мрморење на најглупавиот изговор на кој можеме само да се смееме“, рече Стрелков.

Стрелков наведува дека Путин посочил дека една од причините е недостатокот на хиперсонични ракети Кинжал. Тој рече дека, според руските медиуми, такви проектили биле користени само три пати во првата половина од војната.

„Русија сега ги има овие ракети и не може да постигне значителен напредок во Украина“, рече Стрелков.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал

Голема победа за двајца руски милијардери, ЕУ мора да им ги укине санкциите

Катерина Ѓуровски