ВИДЕО: Страшно невреме го зафати Мадрид, автомобили пловат низ улиците

Од:

Патиштата во Мадрид и метро сообраќајот се блокирани поради масовните поплави што ги претворија улиците во реки. Невремето предизвика доцнење на летовите и ги поплави тунелите и паркинзите.

Корисниците на социјалните мрежи споделија видео снимки од денот, на кои се гледаат автомобили и контејнери како пловат по улиците. Некои делови од градот беа погодени од град со големина на пинг понг топчиња.

Во невремето нема повредени а интервенциите се релативно мали за невреме од овие размери: отстранување гранки од улиците, поплави во гаражите, рече портпарол на шпанската служба за итни случаи.

Шпанската метеоролошка агенција (АЕМЕТ) изјави дека регистрирала повеќе од 9000 молњи за шест часа.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина