(ВИДЕО) Стотици демонстранти во Бразил протестираа против ковид вакцината: Ние не сме свињи!

Од:

Над 300 Бразилци се собраа на главниот булевар во Сао Паоло во знак на протест против задолжителна имунизација од Ковид-19 и тестирање на потенцијална вакцина изработена од кинеската компанија „Синовак“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме свињи – не сакаме вакцина“, а многумина на протестот не носеа заштитни маски.

На протестот можеше да се забележат и транспаренти со поддршка за претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ние сме против авторитарниот кинески амбасадор Дориј. Ова не се случува никаде во светот, па дури ни во Кина”, рече еден од демонстрантите.

Кинескиот амабасадор во земјата рече дека имунизацијата треба да биде задолжителна кога вакцината ќе биде патентирана, што е во спротивност со ставот на претседателот на Бразил, Жаир Болсонару, кој смета дека вакцинацијата мора да биде доброволна.

Повеќето вакцини во Бразил се задолжителни, како што е вакцината против хепатитис Б, која се дава на бебиња.

Во Сао Паоло се тестира вакцината против коронавирусот на кинеската компанија „Синовак“ како дел од третата фаза на клиничко тестирање.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски