(ВИДЕО) Стампедо на концертот на Асаке во Лондон: 8 однесени во болница, 4 во критична состојба

Од:

Четири лица се во критична состојба по стампедо на концерт на Асаке во Брикстон, Велика Британија. Наводно, многумина не можеле да влезат во просторот каде што се одржувал концертот (О2 академија) и долго стоеле надвор на ниски температури, по што решиле да упаднат во објектот. Концертот на крајот беше откажан.

Лондонската полиција соопшти дека вчера околу 21.30 часот на местото на настанот била повикана пожарна, брза помош и полиција. Во болница се пренесени осум лица, од кои четворица се во критична состојба. Повредите настанале при стампедо.

„Луѓето чекаа надвор со часови, а потоа се стискаа. Не можев да дишам“, напиша една жена на Твитер.

Полицијата соопшти дека е отворена истрага.

„Ова е крајно вознемирувачки инцидент кој остави четири лица во болница во критична состојба. Моите мисли и молитви се со нив и нивните семејства. Покренавме истрага за да откриеме што се случи синоќа“, изјави Аде Аделекан, командант на лондонската полиција.

Нигерискиот пејач Асаке (27) годинава го издаде својот деби албум „Mr Money With The Vibe“.

Би можело да ве интересира

Британска подморница која мистериозно исчезнала во 1942 година е пронајдена во Грција

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во станбена зграда во Лондон: Пожарот зафатил четири ката, 80 луѓе евакуирани

Тинејџер е осуден на доживотен затвор за подготвување терористички напад

(ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас

Катерина Павлова-Николовска

Медведев: Британија е вечен непријател на Москва

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шокантно гостување: Жена дојде гола во студиото на „Добро утро Британија“