Видео средба Путин-Си: Најавена зајакнета воена соработка меѓу Русија и Кина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, за време на видео средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека сака да ја зајакне воената соработка со Кина, фалејќи го отпорот на Москва и Пекинг на притисокот на Западот.

– Во контекст на западниот притисок и провокациите без преседан, ние ги браниме нашите принципиелни позиции, рече Путин во разговорот со Си.

Според него, „координацијата на Москва и Пекинг на меѓународната сцена служи за создавање праведен светски поредок заснован на меѓународното право“.

Во руско-кинеската соработка посебно место има воената и техничката соработка која придонесува за безбедноста на нашите земји и одржување на стабилноста во клучните региони, нагласи Путин.

Рускиот претседател потоа посочи дека двете земји имаат намера да ја зајакнат соработката на вооружените сили.

Путин денеска најави и дека неговиот кинески колега ќе допатува во „државна посета“ на Русија во пролетта 2023 година, што ќе биде прва посета од почетокот на пандемијата „Ковид-19“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив