Белгиски медиуми објавија видео запис кој датира од 1976 година, а кој покажува како за прв пат е откриен вирусот ебола, од кој моментално во Западна Африка се заболени повеќе од 10.000 лица.
На трите снимки се прикажани истражувачи, кои ги предводи белгискиот научник Петер Пиот и нивното патување во село Јамбука во тогашната република Заир.
Како што се наведува научниците заминале таму мислејќи дека е случај со вирусот Марбург, односно хеморагична треска, која е откриена неколку години порано.
Сепак тие откриле потполно нов вирус, кој на светот му е познат како ебола, а името го добил по истоимената река која се наоѓа во близина на селото.
Од записот може да се види дека и тогаш експертите биле многу внимателни, кога овој вирус е во прашање.
Е. Г.