(ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат

Од:

Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи, а чија автентичност во моментов не може да се потврди, се вели дека Херсон веќе е потопен под вода.

Тимофиј Милованов, поранешен министер и претседател на Киевската школа за економија, вели дека врвот на бранот поплава може да се очекува околу 11 часот по локално време, 10 часот по наше време.

Украинските власти претходно наредија евакуација на населението.

Оштетувањето на браната Нова Каховка не само што создаде опасност од поплавување на селото, туку експертите велат дека во опасност е и нуклеарната централа Запорожје. Имено, водата од акумулацијата Каховка е неопходна за да се добие напојување за турбините и безбедносните системи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ