ВИДЕО: Сквотери ја окупираа вилата на рускиот олигарх Дерипаска во Лондон

Од:

Сквотери денеска зазедоа вила во Лондон што е поврзана со рускиот олигарх Олег Дерипаска, истакнувајќи дека имотот ќе се користи за поддршка на украинските бегалци.

Британската Влада го замрзна имотот на Дерипаска минатата недела, откакоа ги прошири санкциите кон богатите Руси и компании со цел да изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да стави крај на инвазијата на Украина.

Во соопштението за санкциите, Дерипаска е идентификуван како истакнат про-Кремљ олигарх кој е тесно поврзан со Путин.

Активистите развиориле украински знамиња и транспарент, на кој пишувало „Имотот е слободен“ на балконот на вилата на Плоштад Белгрејв број 5, каде главно се сместени странски амбасади и куќи на богаташи од целиот свет.

– Со окупација на вилата сакаме да покажеме солидарност со народот на Украина, но и со народот на Русија кој никогаш не се согласи на ова лудило. Како и секогаш со војните, империите имаат корист, а обичните луѓе ја плаќаат цената, соопштија активистите.

Британија е критикувана за бавното воведување санкции против богатите Руси кои го преплавија Лондон во изминатите 30 години и ја поттикнаа градската економија.

Американската влада го санкционираше Дерипаска во 2018 година, тврдејќи дека им помага и ги поддржува руските „злобни активности“ низ светот. Во документите за санкциите на САД е наведена и адресата Плоштад Белгрејв бр.5 во Лондон како имот на Дерипаска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ