ВИДЕО: Сино светло на небото над Њујорк, жителите се исплашиле дека се нападнати од вонземјани

Од:

Посине небото ноќеска над Њујорк, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите ка Квинс. „Мислев дека дојде крајот на светот”, напиша еден жител на Квинс на „Фејсбук“. Според медиумите, станува збор за пожар на трансформатор во Квинс во Њујорк кој го осветлил небото во сина боја, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.

Делови на Квинс останаа без електрична енергија. Се истражува пожарот на трансформаторот, а поред информациите од полицијата, нема повредени лица. Според првичните информации, не станува збор за саботажа.

Во меѓувреме жителите на Квинс излегоа на улиците, додека жителите на Њујорк оставија бројни коментари на социјалните мрежи, обидувајќи се да најдат одговор што ја предизвикало мистериозната светлина на небото.

Некои се посомневаа дека станува збир можеби за вонземјани или, пак, за руски хакери. Сепак, надлежните смируваат со пораки на „Твитер“: „Нема докази за вонземјански активности”, порача полицијата.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана