ВИДЕО: Силно невреме во Калифорнија, двајца загинати, илјадници евакуирани

Од:

Уште една моќна бура ја погоди Калифорнија во текот на ноќта, принудувајќи илјадници да се евакуираат и резултираше со најмалку двајца загинати бидејќи насипот во крајбрежниот округ Монтереј попушти.

„Се надевавме дека ќе ја избегнеме и спречиме оваа ситуација, но дојде најлошото можно сценарио со излевање на реката Пајаро и пробивање на насипот околу полноќ“, рече на Твитер во саботата надзорникот на округот Монтереј, Луис Алехо.

Во петокот, директорката на Државната служба за вонредни состојби, Ненси Вард, објави дека невремето веќе однело најмалку два животи. Невообичаено интензивна и навидум бескрајна серија бури ја погодува Калифорнија со недели. Сликите објавени на Твитер од државната Национална гарда покажуваат гардисти како спасуваат жители заробени во автомобили под висока вода.

Најмалку еден пат беше уништен во округот Санта Круз, северно од Монтереј. На жителите на неколку градови, главно на северот, им беше наредено да се евакуираат. Најновото невреме се очекува да резултира со уште 20 сантиметри дожд на врвот, на веќе заситената земја.

Најновата бура, дел од моќната атмосферска река позната како „Ананас Експрес“, која носи топла, суптропска влага од Хаваите, ќе го забрза топењето на огромниот снежни наноси на повисоките височини, заканувајќи се да ги влоши и онака тешките поплави.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека Калифорнија „ја користи секоја алатка со која располага за да ги заштити заедниците од немилосрдните и смртоносни бури што ја зафаќаат државата“. Во невремето во јануари животот го загубија 20 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници