ВИДЕО: Силна експлозија разнесе воен магацин во Казахстан

Од:

На социјалните мрежи се појави видео од голема експлозија што се случи во воен склад во близина на градот Тараз на југот на Казахстан.

Засега нема информации за можни жртви.

Според медиумите, страшната експлозија се случила околу 19 часот по локално време, кога најпрво избувнал пожар во складишниот комплекс во областа Баизак, кој се наоѓа во близина на градот Тараз, инаку на границата со Киргистан.

Министерството за одбрана на Казахстан соопшти дека експлозијата се случила поради пожарот во складиште на експлозивни материјали, пренесуваат медиумите.

Според казахстанското министерство за одбрана, причината за пожарот е непозната, а не се споменуваат евентуални жртви.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски