(Видео) Шверцери на дрога спасија полицајци, па беа уапсени

Од:

За време на полициска потера во Шпанија, сe случил необичен развој на настаните, при што шверцери на дрога од морето спасиле тројца полицајци кои претходно ги бркале.

Неочекуваната операција за спасување се случила кога полицискиот брод кој гонел глисер со четири лица осомничени за шверц на дрога, се судрил со пловилото, близу јужниот брег на Шпанија, соопшти полицијата.

Полицајците паднале во вода, а нивниот брод започнал да се врти неконтролирано, пренесува шпански РТЛ.

Полицајците кои биле во хеликоптерот што го надлетувал местото на настанот, преку мегафон ги повикале бегалците да помогнат, па тие ги извлекле тројцата неповредени полициски службеници во својот глисер.

Сепак ваквиот хуман гест не им помогнал на шверцерите да не бидат уапсени, а полицијата во водата околу нивниот глисер пронашла вреќи со хашиш со вкупна тежина од три тона.

„Тие се уапсени за трговија со дрога“, се вели во соопштението на полицијата, во кое се додава дека од морето биле извлечени над 80 вреќи со хашиш.

Би можело да ве интересира

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела

(ВИДЕО) Во Германија: Вооружена жена се забарикадира во болница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

Орце Костов

Малолетник од Крива Паланка нападнал полицајци

Горан Наумовски

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал