ВИДЕО: Шевченко едвај се спасил во денешното руско гранатирање

Од:

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко едвај го преживеал гранатирањето на Киев утрово од руските сили.

Русија истрела 80 проектили и 12 беспилотни летала камикази кон Украина, напиша Шевченко на почетокот на својата објава на Инстаграм.

„Бев во возот и застанавме пред гранатирањето. Тие неколку часа беа како вечност. Сакам да порачам само едно, а тоа е дека никакви ракети нема да ја скршат Украина. Може да ни ги земете улиците, куќите, но не може да ни го одземете достоинството, храброста и желбата за слобода. Ќе ја заштитиме Украина. Ќе пееме по мостовите како што народот во Киев денеска пееше во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, беше пораката од Шевченко, кој на својот инстаграм профил постави видео од нападот на мостот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ