ВИДЕО: Северна Кореја истрела десет балистички ракети, Јужна Кореја возврати

Од:

Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел во Источното Море и најмалку седум други проектили од различен тип, вклучително и една што беше насочена кон јужнокорејскиот остров Улеунг пред да падне во близина на источниот брег, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

„Војската на Република Кореја никогаш не може и нема да толерира таква провокација од Северна Кореја“, додаваат од здружениот штаб на Јужна Кореја.

„Јужна Кореја и САД тесно ќе се координираат, ќе одговорат строго и цврсто“.

За прв пат проектилите паднаа во близина на јужнокорејскиот брег. Еден проектил паднал на 26 километри јужно од линијата за разграничување на Северот, еден на 57 километри од јужнокорејскиот град Сокчо на источниот брег и еден на 167 километри од Улеунг, објави Јужна Кореја.

Јужнокорејски воен аналитичар: Ситуацијата сега е опасна, може да доведе до вооружени конфликти

Чеонг Сеонг-чанг, воен аналитичар од Институтот Сејонг, изјави за АФП дека денешното лансирање на проектил е „најагресивната вооружена демонстрација против Југот од 2010 година“.

„Ситуацијата сега е опасна и нестабилна, може да доведе до вооружени конфликти“, рече тој.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави денеска за новинарите дека Северна Кореја лансира ракети на невидено ниво. Тој повика што поскоро да се состане Советот за национална безбедност поради зголемените тензии на Корејскиот полуостров.

Се огласи и американската војска со соопштение откако Северна Кореја лансираше ракети.

„Свесни сме за балистичките ракети лансирани од Северна Кореја и сме во контакт со нашите сојузници и партнери. Оценуваме дека овој настан не претставува директна закана за САД или нашите сојузници, туку несовесното однесување на Северна Кореја, кое е дестабилизирачки фактор“, се вели во соопштението.

Вообичаено, жителите на Јужна Кореја не ни забележуваат кога Северна Кореја лансира ракети, но овој пат не беше така. Сирените за тревога беа вклучени на телевизиските екрани со инструкции за евакуација. На социјалните мрежи беа објавени и првите снимки.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он