(ВИДЕО) Серија моќни торнада ги погодија САД: За време на концерт се урна покрив на театар

Од:

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени откако вчера торнадо го погоди главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината.

Уште едно лице загина кога се урна покрив на театар во Белвидер, Илиноис, за време на друго торнадо во кое беа повредени 28 лица.

Покривот се урнал додека во театарот се одржувал хеви метал концерт, пишува Sky News.

Гувернерката на Арканзас Сара Хакаби Сандерс потврди дека некои луѓе се уште се заробени во урнатините. Торнадото урна куќи, превртуваше автомобили и корнеше дрвја. Без струја во Арканзас останаа околу 90.000 граѓани.

„Во овој момент знаеме за 24 лица хоспитализирани во болниците во Литл Рок, но немаме информации дека има смртни случаи“, напиша на Твитер градоначалникот на Литл Рок, Френк Скот Џуниор.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски