Откако членовите на Хамас влегоа на југот на Израел, голем број Израелци беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.
Вознемирените членови на семејството очајнички ги бараа своите роднини и другите членови на семејството кои присуствуваа на музичкиот настан одржан во близина на границата со Газа, каде што набргу потоа пристигнаа членовите на Хамас.
„Социјалните мрежи се преполни со застрашувачки видеа на мажи, жени и деца кои се носат во Газа, а се чини дека некои биле злоупотребувани“, пишува The Times of Israel.
אביה של נועה מסרטון החטיפה לעזה בוכה בשידור ומתחנן שיחזירו אותה ואת האחרים. פשוט נשבר הלב, איך אפשר להמשיך מפה@N12News pic.twitter.com/Jkl0gPV8fB
— Lila Odin (@LOdinaev) October 8, 2023
Многу членови на семејствата во интервју за израелските медиуми нагласуваат дека се чувствуваат напуштено и изневерено.
“Никој ништо не ни кажа. Никој не ни помага. Тоа е хаос. Родителите не знаат ништо”, вели Ора Куперштајн, девојка чие семејство го бара 21-годишен внук.
Членовите на семејството, исто така, се собраа во болниците каде што очајно бараа исчезнати членови на семејството.
„Каде е владата? Зошто никој не ни помага да ги најдеме?“, рече Нисим.
Тој кажа и како добил СМС порака од неговиот брат.
Нисиме, помогни ни, нè убиваат, крварам“, го прераскажува разговорот.
За време на интервјуто, една од мајките нагласила дека ја бара ќерка си Амит Бускила.
„Ние немаме држава. Ја барам ќерка ми 27 часа и никој не ни помага. Ја молам државата, помогни ми да ја најдам ќерка ми. Бенјамин Нетанјаху, те молам прати хеликоптери. Најди ја, ве молам“, рече таа.