(ВИДЕО) Се зголемува бројот на загинатите во железничката несреќа во Индија, повеќе од 200 патници се заробени во вагоните

Од:

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се повредени во Индија кога патнички воз се судри со товарен воз во индиската држава Одиша, јавуваат индиските медиуми и локалните власти.

Воз на „Коромандел експрес“ кој сообраќал од Калкута кон Ченај излета од шините и удри во друг, товарен воз.

– На местото на несреќата излегоа близу 50 возила на брза помош, но се чинеше дека има многу повеќе повредени. Мобилизирани се голем број автобуси за да ги пренесат повредените во болница – објави на Твитер шефот на секретаријатот на Одиша, Прадип Јена.

И премиерот на Индија Нарендра Моди на Твитер објави дека сите расположливи државни сили се на местото на несреќата и им пружаат помош на настраданите.

АП јавува дека спасувачите се обидуваат да ослободат уште 200 луѓе за кои се стравува дека ќе останат заробени во превртените вагони.

Два воза се судрија во август 1995 година во близина на Њу Делхи, при што загинаа 358 луѓе, што е најтешката железничка несреќа во историјата.

Би можело да ве интересира

Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар

(ВИДЕО) Бес во Индија поради снимка: Наставничка ги тера децата да тепаат соученик муслиман

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна скеле во Индија, најмалку 26 работници загинаа

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Индиското летало се обидува да се спушти на Месечината

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Историски потфат на Индија: Нејзиното вселенско летало слетува на Месечината

Катерина Ѓуровски