ВИДЕО Се споделува видео од децата на Пригожин: „Јас сум олигарх, а ти си к.рва“

Од:

На социјалните мрежи се појави видео на кое децата на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, пеат дека се елита и олигарси, додека други ги молат за пари и за остатоци од подот. Така барем тврди советникот на украинскиот министер Антун Герашченко кој видеото го објави на својот канал на Твитер.

„Руските канали на Телеграм објавија видео од децата на Пригожин, Павел (во бејзбол капа) и Вероника. Тие беа снимени како пеат песна во која се нарекуваат елита и олигарси, додека други молат за пари.

Дека видеото е автентично потврди и самиот Пригожин. Тврди дека е снимен во летото 2022 година (така што вистинската војна веќе се одвиваше). Пригожин вели дека видеото и фотографиите се украдени од специјален сајбер-оддел на руското Министерство за одбрана, напиша Герашченко.

Меѓу другото, децата на Пригожин ги пеат репликите: „Ти си пушач, јас сум елита, ти молиш и чистиш подови, а јас јадам јастози. Јас сум олигарх, а ти си к.рва“

Пригожин во последно време не е во добри односи со Кремљ, поради Бахмут упати бројни обвинувања против нив, а некои го обвинија дека се обидел да изврши државен удар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Продавале дрога на деца пред училишта, во шарени кутивчиња за да ги залажат – Уапсени 230 дилери во Албанија

Анита Петровска Рајковиќ

Во Витаминка одбележан почетокот на школската година и 45 години од создавањето на Стоби флипс

А1он

Кремљ: Пригожин можеби е убиен

Пригожин ќе биде погребан во Санкт Петербург, Путин нема да присуствува на погребот

Не се знае кога и каде ќе биде погребан Пригожин

ВИДЕО: Пронајден вториот дел од авионот на Пригожин, се распаднал во воздух