(ВИДЕО) Снимка од полицаец од Мариупол: Макрон, Бајден, каде е ветената помош?

Од:

На социјалните мрежи кружи снимка од полицаец од Мариупол, каде се водат улични борби.

Во видеото, полицаецот Михаил Вершинин испраќа порака до светските лидери, а особено им се обраќа на Макрон и Бајден.

„Лидери на Франција и Америка, ни ветивте помош за противвоздушна одбрана, но досега не добивме ништо. Погледнете ја оваа улица, таа е само дел од нашиот разурнат град“, започнува видеото на кое се гледа како Вершинин стои на улица полна со разурнати куќи. Тој вели дека неговиот град е избришан од лицето на земјата.

„Умираат деца, стари луѓе. Градот е уништен и збришан од лицето на земјата. Ве молиме дајте ни ракети за противвоздушна одбрана. Или сакате нов Алепо“, зборува на руски во видеото снимено во петокот.

Автентичноста на видеото ја потврди и Асошиејтед прес.

„Ветивте дека ќе има помош, дајте ни ја таа помош. Бајден, Макрон, вие сте големи лидери. Бидете такви до крај“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ