ВИДЕО: Се разгорува војната на Кавказот, Ерменците тврдат дека собориле азербејџански авион

Од:

Во веќе отворениот воен судир меѓу Ерменија и Азербејџан за спорниот регион Нагорно-Карабах, денеска се вклучила и авијацијата од двете страни, а ерменските сепаратисти објавија дека собориле азербејџански авион Ан-2.

Вахрам Погосјан, портпаролот на властите на непризнаената република Арцах (Карабах за Азербејџанците), попладнето објави дека противавионските единици собориле летало на непријателот во близина на градот Мартуни.

Погосјан го посочи и видот на авионот – двокрилец-олдтајмер од советско време што најмногу се користи за земјоделски цели.

Во наводна снимка што ја лиферуваа од ерменска страна, се гледаат изгорени делови од авионот, додека човек на руски јазик објаснува за соборувањето на азербејџанското летало.

Од Баку веднаш стигна демант за објавата од ерменските сепаратисти.

„Сите авиони на военото воздухопловство се на број и во функција,“ соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Во последното разгорување на судирите за Нагорно-Карабах, кој тлее со децении, досега загинаа десетици војници од двете страни.

Русија има потпишано одбранбен сојуз со Ерменија, а поддршка за Азербејџан стигнува од страна на Турција, која има свое малцинство во земјата и долги културни и други врски со кавкаската држава.

Светските лидери денеска повикаа на итно запирање на непријателствата и предупредија дека конфликтот во Нагорно-Карабах може да прерасне во отворена и долготрајна, крвава војна.

Би можело да ве интересира

Ерменскиот премиер веќе не гледа можност за дипломатија, го повика народот да земе оружје в раце

Жарко Настоски

Од азербејџанска страна, 63 жртви од почетокот на конфликтот

Ана Ололовска

Баку: Ерменија гранатира две области долж Нагорно Карабах

Ана Ололовска

Алиев: Азербејџан зазеде 13 села во Нагорно-Карабах

Ана Ололовска

Азербејџан и Ерменија договорија привремено хуманитарно примирје

Ана Ололовска

Ереван: Азербејџанците лажат дека шверцуваме оружје, тие го прават тоа

Ана Ололовска